|
Докапитализација
|
|
  |
|
 |
Комисијата за хартии од вредност на
131-та седница со која претседаваше Претседателот на КХВ Марина Наќева
Кавракова, донесе решение со кое на Акционерското друштво за осигурување Вардар
Скопје му даде одобрение да издаде втора емисија на долгорочни хартии од
вредност по пат на приватна понуда. Со оваа емисија, Акционерското друштво за
осигурување Вардар Скопје ќе издаде 45.138 обични акции, во вкупна вредност од
180.552.000 денари. Емисијата се врши заради зголемување на основната главнина
на друштвото.
А.Д. за осигурување ВАРДАР, Скопје
средствата за докапитализацијата ги обезбеди од акумулираната нераспределена
добивка од минатите години. Со тоа А.Д. за осигурување ВАРДАР, Скопје ќе ја
исполни законската обврска за зголемување на акционерскиот капитал на 3 000 000
Евра, во денарска противвредност.
|
 |
 |
 |