|
Каско
|
|
  |
|
 |
Осигурување на моторни возила (каско) ги покрива
штетите за :
- моторни возила со сопствен погон, освен шински
и
- влечни патни возила.
Каско осигурување на
моторните возила
ги
покрива штетите настанати
на возилото независно од
причината и виновникот. Каското осигурување нуди поволни услови и голем број на
комбинации за осигурување на
Вашето моторно
возило.
- Потполно каско без вклучен ризик
кражба:сообраќајни незгоди,
превртувања, судар, удар, лизгање, олуја и
експлозија,
злонамерни постапки на трети лица...
- Потполно каско со вклучен ризик
кражба:сите претходно
набројани ризици со вклучен ризик кражба, провална
кражба,
разбојништво...
Освен возилото, кај потполно каско осигурување
може да се осигура и:
- алат, дополнителна опрема, приклучни уреди, прибор
и резервни делови;
- радио апарат кој не е фабрички вграден;
- рекламни натписи во возило и на
возило.
ВИДОВИ НА КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ
1.Потполно
каско осигурување без учество во штета.
2.Каско осигурување може да се договори и со одбитна
франшиза,
(учество во штета) од 100 ЕУР, 250
ЕУР, 500 ЕУР и 750 ЕУР.
Адекватно на висината на франшизата , висината на
премијата се
менува. Поголема франшиза-помала
премија. Изберете ја варијантата
која најповеќе Ви
одговара.
КОМБИНАЦИИ ЗА ДЕЛУМНО КАСКО
Комбинација А: пожар, удар на животни и некои други
опасности.
Комбинација Б: уништување или
оштетување на возила во состојба на
мирување од страна на непознати возила на
места на кои е забрането
паркирање.
Комбинација В: Трошоци за влечење,
односно за превоз до местото на
живеење, ако возилото не е во возна состојба поради сообраќајна
незгода или
дефект.
ПОПУСТИ:
Ние ја наградуваме
Вашата доверба, совесност и вештина на возење и
затоа Ви одобруваме различни
попусти:
-
за вграден аларм или
кодиран клуч .................10%
-
за АО полиса на триглав осигурување ад
.......10%
-
за секоја година без штета
....................................10%
-
за старост на
возилото .......................................од 10 до
30%
-
за плаќање во
готово ................................................10%
ОСИГУРЕНИ
РИЗИЦИ ЗА КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА Осигурувањето по оваа тарифа ги покрива сите штети на моторните и
шински возила што ќе настанат независно од вољата на осигуреникот при удар,
судар, превртување, паѓање, пожар, гром, експлозија,
луња, град, снежна лавина, манифестации и демонстрации, кражба, поплава, освен
ако возилото е оштетено под дејство на алкохол и други
наркотици или ако возилото го управува лице без возачка
дозвола.
|
 |
 |
 |